Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз

Независниот синдикат на професионалните војници на прес-конференција денеска обвини дека дел од институциите ги занемаруваат за нивните барања за средби со цел подобрување на условите за работа. Се обратиле со циркуларни писма до врховниот командант на вооружените сили, до началникот на Генералштабот на АРМ, до Владата, Миниситерството за одбрана. Оценуваат дека дел од институциите ги игнорирале нивните барања.

Одговорот од врховниот командант е дека или не работат на прашањето, или резултатите не ги гледаме“, рече потпретседателот на Синдикатот, Веле Крбалески.

Како што вели тој, побарале и средби, но не добиле повратен одговор. Од претходниот началник на Генералштабот, откако побарале средба им одговориле „Кои се прашањата за кои сакате да разговарате“, што за нив е разочарувачки.

Во Владата и во министерствата, според раководството на Синдикатот, се случиле повеќе средби во изминатите месеци и се работи на прашањата, но тоа е недоволно за нив „Континуирано се кажува дека се работи на прашањата, а резултатите не се добри за нас. Факт е една добра работа е покачувањето на платите што не беше доволно во однос на тоа што бевме занемарувани со години, но сепак е добар чекор“, рече Крбалески.

„Одредени возни линии не се со квалитет што треба да задоволува. Ни се случува да се укинуваат автобуски линии и луѓето се снаоѓаат самите. Делот од трошокот се покрива, но луѓето не може да стигне до нив тој трошок што сами го издвојуваат за да чекаат да им се врати. Имаме касарни каде што за сите правци нема превоз. Луѓето се чудат како да стигнат до работното место“, рече потпретседателот на Синдикатот на прес-конфернецијата.

Крбалески Мацедониан рече дека вработените во Армијата се жалат до нивниот синдикат и немаат доверба во институциите: „Еден пример од нив е на вработени да им стигнува храна која  е расипана, и тие нам ни се јавуваат и воопшто не реагираат кај надлежните. Да не си дозволуваме веќе такви ситуации“.

Тие им го честитаа Денот на АРМ на сите војници и вработени во Армијата.