Се урна авион кој летал за Германија

Помал авион кој летал од Шпанија за Германија се урна во близина на брегот на Латвија и не слета.

Авионот продолжил да лета на север, а контролата на летот изгубила контакт со пилотот.Не е познато колку луѓе имало во леталото.

Според првите информации, се работи за приватен авион од Австрија, кој полетал од Шпанија и требало да лета за Келн. Но, од непознати причини не слетал и продолжил да лета во правец на север.

– Германските и данските борци веднаш беа подигнати и се обидоа да воспостават контакт, но безуспешно – наведуваат шведските власти.

Според последните податоци, авионот забрзано ја губи висината, а потоа стигна веста дека паднал во Балтичкото Море.