Се урна „Боинг 707“

Товарен авион „Боинг 707“ денеска се урна во Иран.

Само едно лице преживеало во несреќата од вкупно 16 лица во авионот, објавуваат медиумите.

Се претпоставува дека авионот се урнал поради лошите временски услови.

Леталото почнало да губи контрола на висината додека се приближувал до аеродромот во Карај, западно од Техеран.

Авионот полетал од Бишкек во Киргистан.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека авионот ја промашил пистата и се урнал врз оградата.