Се урна хеликоптер на авганистанската војска

Хеликоптер на авганистанската војска во кој биле високи функционери се урна денес во провинцијата Фарах, при што загинале сите 25 лица во него, соопшти Насер Мехри, портпарол на гувернерот.

Властите наведуваат дека причината за падот биле лошите временски услови, додека талибанците тврдат дека тие се одговорни за падот, велејќи дека нивните милитанти го собориле хеликоптерот.

Хеликоптерот се урна утринава по локално време, кратко време по полетувањето во планинскиот предел Анар Дара.

Се вели дека меѓу загинатите биле заменикот на воениот командант за западен регион и шефот на владата на провинцијата Фарах, пренесe Ројтерс.