Се урна мал авион во Русија, загинаа две лица

Две лица загинаа при пад на мал авион во близина на селото Каљинка, во регионот Хабаровск, во Русија.

Претходно, регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации ја потврди оваа информација, наведувајќи дека едно лице загина, а другото е тешко повредено.

Прес-службата на регионот Хабаровск за ТАС потврди дека повредената е 40-годишна жена која претрпела скршеници на двете нозе и се наоѓала во сериозна состојба, но во меѓувреме им подлегнала на повредите.

Властите од регионалното обвинителство потврдија дека е започната истрага за оваа авионска несреќа.