Се урна пешачки мост во Финска, 24 повредени лица

Дваесетина лица, од кои многумина ученици, се повредени при уривање на привремен пешачки мост во јужниот фински град Еспо во четвртокот, соопштија полицијата и медиумите.

Полицијата соопшти дека мостот што минувал на градилиште во регионот Тапиола во Еспу се урнал утрово. Нема загинати, но 24 лица се повредени, од кои 10 потешко.

Еспо е соседен град на главниот град Хелсинки.

Децата биле дел од група ученици од осмо одделение кои се враќале од екскурзија, објави финскиот весник „Хелсингинг саномат“, цитирајќи ученик кој учествувал на екскурзијата и кој не бил повреден.

„Неколку луѓе паднаа на неколку метри кога се урна мостот. Ситуацијата се истражува“, се вели во соопштението на полицијата.

Универзитетската болница во Хелсинки соопшти дека примила 15 од повредените.

„Повредите се главно скршеници на екстремитетите и не се опасни по живот“ – се вели во соопштението на болницата, додавајќи дека повредените припаѓале на училишна група.

Финскиот претседател Саули Нииниста на Твитер напиша: „Шокантна вест за несреќата во Тапиола. Обезбедувањето поддршка и помош сега е важно. Полицијата врши техничка истрага на теренот и се увидуваат можните причини за несреќата“.

https://twitter.com/PhoenixCNE_News/status/1656593675311538179?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1656593675311538179%7Ctwgr%5E67bc0a5a6fe7602dced16d73758013a20f06a1ff%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Ffoto-celo-oddelenie-zavrshi-vo-ambis-se-urna-peshachki-most-vo-finska-24-povredeni%2F