Се урна руски хеликоптер во Турција – две лица загинаа

Противпожарен хеликоптер на Русија, кој учествуваше во гаснењето на пожарот во Мармарис, се урна во Турција.

Две лица загинаа, а пет се повредени, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во хеликоптерот имало седум лица, од кои пет се државјани на Русија и двајца државјани на Турција.

Претходно порталот „Сондакика.ком“ објави дека противпожарен хеликоптер во сопственост на Русија, кој полетал за да изгасне пожар во Мармарис, се урнал во Денизли. Според порталот, едно лице загинало, а четворица се повредени.

На фотографиите доставени до медиумите од местото на инцидентот се гледа натписот на хеликоптерот – „Владивосток авија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.