Се урна станбена зграда во Чешка по експлозија на плин, има и жртви

Во експлозија на гас во Чешка се урна станбена зграда, при што загинаа двајца пожарникари кои пристигнале на помош, објави новинската агенција ЦТК, повикувајќи се на итните служби.

Најмалку четири лица се тешко повредени во југоисточниот град Коричани.

Двајцата загинати биле членови на доброволната противпожарна станица во градот.На местото на несреќата пристигнале неколку хеликоптери и десетици спасувачи. Со помош на кучиња трагачи се врши потраги по исчезнатите под урнатините.

Околностите за истекувањето на гасот се уште не се познати.

Коричани има околу 2.700 жители и се наоѓа на околу 220 километри југоисточно од Прага.