Се уште не се знае зошто Вардар поцрвене

По добиена дојава за загадување на реката Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон, инспектори од Државниот инспекторат за животна средина во средата излегоа на увид на посочената локација.

„Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја. Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување“, се вели во извештајот по инспекцискиот надзор.

Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Либерти“ АД-Скопје, ул.16 Македонска бригада б.б..

„Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим, и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.

Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје, и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода“, велат од ДИЖС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.