Се уште трае средбата во Охрид, на иста маса се Борел, Лајчак, Вучиќ и Курти

Се уште трае заедничката средба помеѓу шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Пред неколку часа пред новинарите во Охрид се појави портпарол на еврокомесарот за проширување, Петар Стано.

„Ќе ве разочарам, бидејќи нема да ви пренесам ништо од средбата,тоа ќе го стори високиот претставник“ – рече тој.

Кажа дека не се знае колку ќе трае овој состанок, а не ја искучи можноста приквечерието да го поминат преговарајќи на маса по што ќе следи изјава, без можност за поставување на новинарски прашања.

Се очекува на крајот на денот сепак да дадат изјави српскиот претседател и косовскиот премиер.

Во Охрид е и американскиот преставник за Западен Балкан Габрел Ескобар. Тој денеска изјави дека главната цел на средбата е финализирање, а не потишување на договорот.
Ескобар се сретна со претседателот Пендароски кој порача дека позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани.