Се воведуваат нови мерки за подобрување на условите за водење бизнис

Подобрување на условите за водење бизнис и бизнис климата во Македонија намалување на административните процедури, вети директорот на Централниот регистер, Ванчо Костадиновски.Тоа е во рамките на Програмата 2014-2018 година, подобрување на стандардот на граѓаните и фирмите

Се работи за следните проекти кои се во таа насока:

-Проект за целосна имплементација на мерките за регистрационен агент, каде во еден чекор преку сметководителите – регистрациони агенти или лично поднесена пријава со електросни потпис на подносителот , се поднесува документација за регистрирање на фирма без никаков надомест. Поднесената пријава се одобрува и се издава решение за регистрирана фирма во електронска форма. По издавање на Решението фирмата нема обврска да набави печат за задолжителна и официјална употреба во правниот промет ниту при обраќање на фирмите кон Државните институции со што се скратува уште една процедура и трошоци за отпочнување бизнис. Со ова Република Македонија ќе се вклучи во најсовремените пракси од оваа област во ЕУ и АнглоАмериканското подрачје. Финансиски ефекти од сет на мерки: 18 000 000 денари годишно целосно на располагање на новооснованите фирми.

-Проект за воведување на регистрационен агент за целосно онлајн поднесување на документи за регистрација на промени во фирмите, статусни промени и бришење на фирмите. Суштината на проектот е да се намали административниот товар на странките и да се исфрли хартијата за ваков вид на постапки во Едношалтерскиот систем на ЦРМ, намалување на трошоците и за странките и за ЦРМ, штедење на време и забрзани постапки и поголема ефикасност во одлучувањето.

-Проект за воспоставувње на бесплатен пристап, преку веб страната и преку мобилна апликација, на основни податоци податоци за фирми ( ЕМБС, Назив и статус ). Целта е да се зголеми користењето на податоците преку овој систем и можност за добивање на повеќе информации во врска со достапните електронски услуги кои ги нуди ЦРМ.

Проект за надградба на системот за електронски стечај преку целосна имплементација на модулот е-Аукција, ќе се овозможат електронски аукции за продажба на имотот од стечајната маса на правните субјекти во стечај. На тој начин ќе се намалат времетраењето на стечајната постапка и трошоците за нејзино спроведување, а ќе се зголеми повратот на средствата на доверителите кон претпријатието. Преку развивање на вториот модул, ќе се овозможи праведна распределба на предметите за стечај на стечајните управници согласно со последните измени на Законот за стечај. Надградбата на системот за електронско водење стечајни постапки ќе придонесе за поефикасно и транспарентно водење на стечајните постапки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.