Се враќаат болестите што беа пред коронавирусот – сезонскиот грип ги полни амбулантите

Во 2022 влегуваме со повеќе од 1.100 регистрирани случаи на грип. Оваа сезона бројките се за 3,6 пати повеќе од ланската и дури за 16 проценти зголемени во споредба со десетгодишниот период, објави Сител.

Од утре децата се враќаат во градинките а токму кај оваа популација според извештајот на ИЈЗ има највисока инциденца. 194 од регистрираните се кај најмалите од 0-4 години. Во детската болница во Козле велат дека помалку имаат позитивни на ковид а амбулантите се полни со пациенти со други респираторни вируси.

– Се враќаат болестите што беа и пред 2 години. Ковид имаме само 7 пациенти и тие се во добра состојба. Во амбулантите имаме пациенти со настинки и сезонски грип. Не доаѓаат со тешка клиничка слика, малку се тие кои касно побарале лекарска помош – вели др. Беким Зекири директор на болница за белодробни заболувања