Се вработуваат ли 280 партиски војници во Пошта?

И додека Македонска пошта се дави во долгови, нејзиниот прв човек Јани Макрадули на почетокот на овој месец распиша конкурс за нови 280 вработувања.

На Јавниот оглас кој траеше неколку недели примени се нови партиски војници, додека старите кадри се бркаат и нема да им биде продолжен договорот на истите, објави Курир.

-Од утре на неколку колеги од поштата во Велес нема да им биде продолжен договорот и од утре нема да доаѓаат на работа, а на нивно место ќе се примат нови кадри, вели извор, за Курир.

Тој додава дека старите кадри се бркаат на улица не затоа што не знаат да работат, туку бидејќи треба да се примат партиски послушници на власта.

Инаку огласот беше објавен во ек на пандемија и криза во државата и кога самата пошта е во долг од околу 10 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.