Се вжештува дипломатската војна меѓу Рим и Париз

Италијанските власти го повика денеска францускиот амбасадор во Рим на консултации откако Франција ја обвини новата италијанска влада за „неодговорно однесување со одбивањето да ги прими на своја територија мигрантите од бродот Водолија“, објави новинската агенција АП.

Италија ја бранеше својата одлука да го одбие влезот на 629 мигранти од бродот „Аквариус“, велејќи дека во ниеден момент не го напуштиле бродот, туку го придружувале се до Валенсија.

Италијанската влада, предводена од „Движењето пет ѕвезди“, прифаќа мигранти, но бара и од другите земји „да го делат товарот“.

Шпанија го прими бродот откако Италија, а пред неа и Малта, „му откажаа гостопримство“.