Се забрзува префрлањето на француските и италијанските пациенти во Германија

Германската војска го забрзала во саботата префрлувањето на француските и италијанските заболени од новиот коронавирус во Германија, пренесуваат медиумите.

Болницата во Берлин би требало во саботата да прими шест француски пациенти на одделот за интензивна нега. Заболените ќе бидат префрлени со хеликоптер од Стразбур, објави градската управа на Берлин.

Германија, која има повеќе од 48.000 официјално потврдени случаи на Covid-19 и околу 400 починати, во саботата, исто така, примила и шест пациенти од Италија.

Тешко заболените Италијанци биле префрлени со германски воен хеликоптер од Бергамо, особено тешко погодениот град во северна Италија. Тие се хоспитализирани во Келн, Бохум и Бон, соопшти портпаролот на владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Од Франција еден воен хеликоптер од Мец во Есен во саботата префрлил две тешко заболени лица. Од почетокот на епидемијата, а десетина заразени со амбулантни возила во германските болници, сооопшти претставникот на итните служби на Мец.

Француската министерка за вооружени сили Флоренс Парли изјави дека разговарала со германската колешка Анегрет Крамп-Каренбауер и на Twitter „длабоко им се заблагодари на германските пријатели на поддршката и солидарноста“.

Француската војска веќе учествуваше во евакуацијата на заболените од француската покраина Гран Ест, тешко погодена, во другите француски региони кои е помалку зафатени од епидемијата.

Во недела е предвидена голема операција на префрлување на четириесетина пациенти од Гран Ест во Нова Аквитанија, со два брзи воза TGV од Нанси и Мулуз.