Се задуши 10-годишно девојче одговарајќи на предизвик од ТикТок

42

Десетгодишно девојче од Палермо, Италија, починало откако го прифатило предизвикот на социјалната мрежа Тик-Ток да се онесвести со стегнување шал или ремен околу вратот.

По трагедијата, италијанските власти им наложија на администраторите на „ТикТок“, да го блокираат пристапот на корисници, чија возраст не можат да ја потврдат.

Јавното обвинителство од Палермо отвори истрага во врска со овој случај за „поттикнување самоубиство“. Според условите за користење на „ТикТок“, корисниците мора да имаат најмалку 13 години. На кинеската апликација ѝ е забрането да обработува податоци на лица под оваа возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.