Се заменуваат старите лифтови во студентските домови, инвестиција од околу 15 милиони денари

Во сите државни студентски домови во кои има инсталирано лифтови, старите лифтови се заменуваат со нови. Постапката е во тек и до почетокот на новата студиска година се очекува во студентските домови да има нови лифтови.

Станува збор за инвестиција од поширокиот акциски план на Владата на унапредување на инфраструктурните услови во студентските сместувачки капацитети.

spiro-1-640x360

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изврши увид во студентскиот дом „ Кузман Јосифовски –Питу“ по што констатираше дека замената на старите лифтови со нови се одвива според предвидената динамика и посочи дека ова е уште едно ветување кое се исполнува во насока на подобрување на студентскиот стандард.

800-640x360

8 лифтови ќе бидат заменети со нови, за што се инвестираат 15 милиони денари. На мое лично задоволство овде, а паралелно и во другите домови активностите се одвиваат согласно договорот со изведувачот, така што од септември кога студентите ќе почнат да се сместуваат, овие нови лифтови ќе им бидат на располагање, рече Ристовски.

Ристовски посочи дека замената на старите лифтови е од особено значење за студентите ако се земе предвид фактот дека лифтовите беа навистина дотраени и во минатото студентите се соочуваа со проблеми околу функционалноста на истите.

spiro-ristovski-2-640x360

Ова е само потврда на нашите континуирани заложби и конкретни мерки за унапредување на студентскиот стандард во делот на условите за сместување, престој, едукација. Ако се земат во предвид и сите останати инвестиции, како новоизградените павилјони во состав на студентскиот дом „ Стив Наумов“ , реконструкцијата на студентскиот дом Годе Делчев, набавката на мебелот која е во тек, на пералните и сушалните, како и активностите за изградба на 3 нови студентски домови, од кои за два постапката е во понапредна фаза. Македонските студенти во следните 2-3 години ќе добијат најсовремени услови за сместување со поддршка од државата, истакна заманик-министерот.