14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Се запали авион кој пренесувал дрога (ВИДЕО)

Мал авион, за кој се сомнева дека пренесувал дрога, се запалил веднаш штом слетал во неделата наутро. Авионот патувал кон мексиканската држава Кинтана Ро.

Не е познато дали авионот слетал принудно или пак го запалиле шверцерите.

Секретарот за јавна безбедност Алберто Капеља соопшти дека палењето на авионот има врска во „нелегални активности“.

Авионот бил идентификуван како „БАе-125“ со 15 патнички места и бил стар една деценија.