Се запали авион на пистата на аеродром во Дубаи

Авион на „Емирати“ се запали на писта во Дубаи. Авиокомпанијата потврди дека се случил таков „инцидент“, пренесува „Раша Тудеј“.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои што се гледа чаот од авионот. Авионот што пристигнал од Индија принудно слетал на аеродромот.

Патниците биле евакуирани и засега нема информации за повредени лица.