13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Се запали автобус на автопатот Штип- Миладиновци (ВИДЕО)

Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Но, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

Светиниколските пожарникари се на терен, од пожарот на автобусот зафатена е и ниско стеблеста шума. 

(МИА)