Се запали автобус со американски студенти во Грција

Автобус кој превезувал дваесет и двајца американски студенти и нивниот професор во Грција се запалил, но никој не е повреден.

Пожарот избил ноќеска додека туристичкиот автобус бил на автопат.

Американските студенти биле на екскурзија на грчкиот остров Пелопонез. Причините за пожарот засега не се познати.