Се запали „БМВ“ во Долно Лисиче

МВР соопшти дека жител на Скопје вчера пријавил дека неговиот автомобил „БМВ“ бил опожарен претходната ноќ во Долно Лисиче.

– На 25.11.2021 во 04.40 часот во Полициската станица Аеродром, С.С.(28) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот на ул.„Тодор Чангов” настанал пожар во неговото возило „бмв”. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека бил извршен увид на местото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.