Се запали болница во Москва, има загинати

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се евакуирани поради пожар во болница во центарот на Москва, соопшти претставник на службите за итни случаи.

Пожарот избувнал утрово околу 4.50 часот, а објектот бил во процес на реконструкција.

Прес-службата на Државниот оддел за вонредни ситуации на Русија потврди дека за време на гаснењето на пожарот биле спасени 23 лица и оти во зградата имало персонал кој работел на реконструкцијата.