Се запали камион кај клучката кај Мирковци

Рано утринава се запали товарно возило во движење на автопатот кај клучката кај „Мирковци“.

Според пријавеното утринава во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во товарно возило „сканија“ со приколка, со албански регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Република Албанија, додека возилото се движело.

Пожарот бил целосно изгаснат во 06.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Извршен е увид.