Се запали кола поради неправилно наместен плин

Се запали кола поради неправилно наместен плин. Двегодишно дете од селото Селиманово во близина на Сливен, Бугарија се здоби со сериозни изгореници во пожарот што избувнал во автомобилот на неговите родители, пренесуваат бугарските медиуми.

Поради тешката здравствена состојба детето е пренесено во специјализираната клиника во Пловдив.

Инцидентот се случл вчера околу 11.20 часот . Неговиот 35 годишен татко тргнал на пат заедно со жената и детето со автомобилот Опел Вектра.

Во близина на селото Гавраилово, автомобилот пламнал во движење. Во пожарот родителите се здобиле со полесни изгореници.

Како што пишуваат медиумите, причината за пожарот е неправилно наместениот плински уред во автомобилот. Цевката која ги поврзувала плинската боца и моторот минувала низ внатрешноста на автомобилот.