Се запали ресторан во Белград, шест лица повредени

Ресторан за брза храна „Код дебелог“ во улица „Светогорска“ бр. 48 во Белград се запалил денеска нешто пред 20 часот,  а на лице место стигнале пожарникарите и Брза помош. Причина за пожарот била експлозија на плинска боца. Пожарот е изгасен.

Од работилницата на приземјето на станбената зграда, започнал да излегува густ чад. Во моментов на пожарот, во ресторанот имало 20 гости, меѓу кои и деца.

Иако не е официјално потврдено, повредени се неколку работници на овој ресторан.

Екипите се на терен и прават увид.