Се запалила ќебапчилница во Куманово

Кумановската противпожарна единица интервенирала на два пожари во текот на ноќта и вчерашниот ден, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи од Куманово.

Територијалната противпожарна единица интервенирала од 09:35 до 10 часот со едно возило и четворица пожарникари на запален оџак на куќа на улицата „Бајрам Шабани“, а вечерта од 23:05 до 23:40 часот на запален оџак од ќебапчилницата „Џипси“.