6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Се затресе тлото меѓу Аргентина и Чиле

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ноќеска ја потресе северозападна Аргентина, на границата со Чиле, пренесоа светските агенции, наведувајќи дека засега нема извештаи за жртви.

Земјотресот се случил непосредно пред полноќ, наведе Американскиот геофизички институт (USGS).

Епицентарот на потресот бил во Аргентина, на 27,6 километри од градот Порсита, на длабочина од 14 километри.

Медиумите јавуваат дека некои куќи во аргентинската провинција Сан Хуан се оштетени и дека еден локален пат е блокиран.

Земјотресот се почуствувал и во главниот град на Чиле, Сантијаго, што се наоѓа на околу 300 километри од епицентарот на потресот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.