Се затвораат погоните на најголемиот произведувач на заштитни ракавици во светот, поради зараза

Малезиските власти најавија затворање на речиси 30 фабрики на корпорацијата „Top Glove“ поради тестирања и карантин, откако кај повеќе од 2.000 работници на најголемиот производител на гумени заштитни ракавици во светот е потврдена заразата со коронавирусот.

Министерството за здравство на Малезија извести за остар раст на бројот на заразените со вирусот во погоните на „Top Glove“ и во неговите капацитети за сместување на работниците. Од 5.767 тестирани работници, 2.453 добиле позитивен разултат на SARS-CoV-2.

Владата објави дека во неколку фази ќе ги затвори вкупно 28-те фабрики на „Top Glove“, без да го наведе редоследот на затворањата. Минатата седмица малезиските власти воведоа 14-дневни ограничувања во голем дел од земјата, особено во областа околу 40 километри западно од главниот град Куала Лумпур, каде што и се наоѓаат фабриките и бараките во кои се сместени работниците на „Top Glove“.

Во извештајот за берзата во понеделникот, од „Top Glove“ известија дека минатата среда го запреле производството во 16 од 28-те фабрики, а дека преостанати 12 разни погони ширум светот работат со значително намалени капацитети.

Компанијата има 47 фабрики во Малезија, Кина, Виетнам и на Тајланд, а во 36 од нив се произведуваат заштитни ракавици. Најголемите пазари на „Top Glove“ се Европа и Северна Америка, a компанијата има удел од над 25 отсто во глобалниот пазар на ракавици од латекс.

Во годинава која мина одбележана со пандемијата на коронавирусот, „Top Glove“ оставриле рекодна добивка, благодарејќи на енормно зголемената побарувачка на лична заштитна опрема.

Според малезиското здружение на производители на гумени ракавици, околу две третини од гумените ракавици во светот се произведуваат во Малезија, а покрај „Top Glove“ групата големи роизводители ги вклучува и компаниите „Hartaleg Holdings“ и „Supermax Corp“.