Бројот на милионерите ширум планетата го надминал прагот од 20 милиони лица во текот на минатата 2020 година, покажуваат новите податоци кои во вторникот ги објави консултантската компанија „Capgemini“.
Бројот на луѓето чијашто материјална состојба е вредна милион американски долари или повеќе се зголемил за 6,3 отсто, на 20,8 милиони луѓе, во текот на пандемијата на коронавирусот во светот, наведуваат од „Capgemini“.
Севкупното богатство во сопственост на ова група луѓе, пак, се зголемило за 7,6 отсто или за вкупно 80 билиони долари. Големите добивки се стекнати благодарејќи на големата пазарана вредност на акциите, се додава во извештајот.
Земјите со најбогатите луѓе редоследно се САД, Јапонија, Германија и Кина. Во овие четири држави живеат 63 отсто од светските милионери.
Најбрзиот раст во 2020 година бил меѓу супребогатите, оние кои имаат богатсво коешто вреди најалку 30 милиони долари. Бројноста на оваа група се зголемило за 9 отсто во текот на минатата година.
Консултантската компанија „Capgemini“ ги следи цените на акциите, обврзниците во сопствеништво, алтернативните вложувњаа, парите и имотната сотојна во текот на процената на севкупната вредност. Се потпира и на податоците на меѓународните организации, како што е Светската банка, како и на податоците од анкетите за богатите и нивните финансиски менаџери.
Објавениот поредок е главно во согласност со низата други листи за светските богаташи, коишто беа објавувани последниот период.