Се зголемува бројот на заразени меѓу медицинскиот персонал во струмичката болница, директорот апелира за нови вработувања

На лекување во струмичката болница во моментов има 18 пациенти, а 45 се лекуваат со примање терапија во дневна болница, информира директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, моментално на болничко лекување. Во болницата има 40 кревети за лекување на заболени од Ковид-19.

Според раководството на болницата, загрижувачки е растот на бројот на заразени членови на медицинскиот персонал. Во моментов тринаесет медицински сестри, двајца лекари и еден рентген техничар се позитивни на корона вирусот и се во изолација

-Тоа уште повеќе ни го отежнува и вкупното работење на болницата. Уште еднаш апелирам да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може да работиме вели директорот Гогов.

Според вчерашните податоци во струмичкиот регион досега се регистрирани 1.244 случаи на ковид дијагностицирани од кои активни се 625.