Се жртвувала за својот град: Жена бомбаш ги нападна џихадистите

Жена припадничка на курдската заедница денеска извела самоубиствен бомбашки напад врз џихадистите од Исламската држава за да го спаси својот град и да го запре неговото заземање.

Таа се разнела и притоа убила неколку џихадисти во близина на граничниот сириски град Кобана.

Жената самоубиец се разнела во еден од центрите на Исламската заедница источно од градот и убила неколку џихадисти, кои го опколиле и се обидувале да го заземат Кобана.

Директорот на опсерваторијата Рами Абдел Рахман изјавил дека сега за сега не се знае прецизно колку жртви има во нападот и дека ова е прв случај жена, курдски борец, да изврши самоубиствен напад врз припадниците на Исламската држава.

Припадниците на Исламската држава започнале на 16-ти септември да напредуваат кон Кобана, третиот по големина град во Сирија кој се наоѓа на границата со Турција, пренесува AFP. Борбите околу градот, познат и како Аин ал-Араб, предизвикале масовен егзодус на населението, а околу 186.000 луѓе избегале преку границата во Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.