Се знаат најголемите разочарувања на СП 2014

Најпознатиот фудбалски сајт “Гол”, откри кои пет фудбалери се во игра за титулата најголемо разочарување на јубилејното 20. Светско првенство во Бразил.

Прв на списокот е натурализираниот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста кој не постигна ниту еден погодок на трите натпревари од групната фаза иако на сите три натпревари доби предност пред Фернандо Торес и Давид Вилја.
Следен на списокот е репрезентативецот на Англија, Стивен Џерард кој е најголем виновник за минималниот пораз во дуелот против репрезентацијата на Уругвај.

Во топ пет има место и за капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија, искусниот голам Икер Касиљас кој прими седум погодоци за 180 минути.

Во игра за “престижната” награда е и репрезентативецот на Аргентина, Гонзало Игуаин кој нема постигнато погодок на четри натпревари.

Како и што се очекуваше, последното место е резервирано за контроверзниот напаѓач на Италија, Марио Балотели кој е посочен како главен виновник за срамната елиминација во групната фаза.