Седат Пекер открива врски на турската влада со подземјето

Мафијашот Седат Пекер предизвика внимание со своите видеопораки на социјалните мрежи. Тој на Јутјуб објави повеќе видеа и секое од нив стана вирално и ги диктира насловите во турските медиуми. Во своите обраќања гангстерот упатува ужасни обвинувања на сметка на познати политичари од владејачката партија, тврдејќи дека се замешани во убиства, силување, трговија со дрога, злоупотреба на моќта и многу други криминални активности, пишува Дојче веле.

49-годишниот Седат Пекер ѝ е одамна познат на турската јавност. Тој важи за влијателен во турското подземје, беше суден за обиство, обид за убиство и киднапирање и беше осуден за создавање „злосторничко здружение“. Пекер во 2020 година прво побегна во балканските земји. Според неговите тврдења сега се наоѓа во Дубаи, а поседува и македонски пасош.

Шефот на мафијата Пакер направи политички потрес со неговите први осум видео пораки. Следното видео со нетрпение се чека и треба да биде објавено следната недела. Тој најави дека во него директно ќе му се обрати на турскиот претседател.

Се очекува пресметка со Ердоган, со кого тој всушност треба да биде во добри односи. Во неговите видеа, претседателот со љубов го викаше Аби – во превод: голем брат. Пекер најави дека ќе ги открие своите односи со претседателот Ердоган следната недела, пишува Дојче веле.