17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Седат Пекер во Македонија имал заштита и од полиција (ФОТО)

Најпознатиот турски мафијаш Седат Пекер не само што имал македонски документи туку во Македонија се чуствувал навистина како дома, пишува Курир.

Тој редовно се среќавал со членови на СДСМ, кандидати за пратеници, градоначалници а заштита имал и од полицијата.

Откако беше објавено видео дека тој е превезуван во придружба на полицијата и со флешери, се појавија фотографии како за неговата безбедност се грижел полицаец од МВР.

Орхан Хамза бил постојано со Пекер и го чувал секаде каде што се појавувал па тие позираат и во релаксирана приватна атмосфера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.