Седми гол на Азар за нов триумф на „Челзи“

Фудбалерите на „Челзи“ со 3:0 го победија „Саутемптон“ на гостински терен и останаа во трката за првата позиција на табелата заедно со „Ливерпул“ и „Манчестер Сити“, кој играат попладнево. Трите екипи имаат по 20 бода.

Тимот на „Челзи“ игра како препороден по доаѓањето на Маурицио Сари на кормилото, а Еден Азар игра во фантастична форма.

Победата на „сините“ не беше во прашање од првиот момент, а токму Белгиецот го постигна првиот гол во 30 минута. За Азар ова беше седми гол сезонава, што го прави најефикасен фудбалер во Премиер лигата, а има и три асистенции.

Рос Баркли во 57 минута го зголеми водството на 2:0, а во судското продолжение Алваро Мората ги постави конечните 3:0.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.