Седми Меморијал „Борис Трајковски“ болдер натпревар во Мостар

Спортистите од нашата земја, не само што присуствуваа, туку се закитија и со првите места на ова значајно отворено првенство во спортско качување - дисциплина Болдер, на кое учество зедоа повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Изминатиов викенд (9 Март), во Мостар, по седми пат се одржа реномираниот Меморијал „Борис Трајковски “, во чест на нашиот трагично загинат претседател.

Спортистите од нашата земја, не само што присуствуваа, туку се закитија и со првите места на ова значајно отворено првенство во спортско качување – дисциплина Болдер, на кое учество зедоа повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Првото место во сениори, меѓу 89 учесници, го освои Битолчанецот Марио Минчевски од клубот „Вертикал“, а второто место – сениорки – го освои Битолчанката Наталија Ристевска, исто така од клубот „Вертикал“. Третото, пак, место во категорија Ветерани го освои претседателот на Спортско-качувачката федерација на Македонија, г.  Владимир Трповски.

Тимот на МКД беше во состав на:

  1. Владимир Трповски
  2. Лазар Петковски
  3. Марјан Киндалов
  4. Влатко Деловски
  5. Јован Иванов
  6. Марио Минчевски
  7. Ванчо Наунов
  8. Виктор Трповски
  9. Христијан Ивановски
  10. Билјана Талевска
  11. Наталија Ристевска
  12. Кети Талевска