Седница на Централното претседателство на ДУИ

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика седница за денеска во 15 часот на Централното претседателство на партијата во седиштето во Тетово.

Според информациите од оваа партијата, на седницата треба да се утврдат предлозите за делегати на четвртиот изборен конгрес на ДУИ како и членовите на идните партиски тела, но и програмски определби и статутарни промени.

Неодамна премиерот Зоран Заев ја критукуваше ДУИ како коалиционен партнер поради илјадниците амандмани поднесени по однос на изборните промени.

Прашан дали е можна нова коалиција, Заев само рече дека ќе има сериозни размислувања.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.