Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе одржи седница.

Членовите на оваа собраниска комисија ќе дискутираат по една точка, ќе го разгледуваат барањето од Агенцијата за национална безбедност за давање согласност за назначување на раководител на организациската единица за внатрешна контрола во Агенцијата.