Советот за безбедност на Македонија во четвртокот од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.
Се очекува Советот да расправа и да донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за спраување со пандемијата на коронавирусот, откако во вторникот Владата на 41-та седница реши да достави Заклучок до шефот на државата дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со кризата.
На седницата, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на фејсбук страницата на Претседателот и на неговиот јутјуб канал.