Седници на албански, двојазични државни институции: Што носи Законот за јазици?

Претседателот на Собранието ќе ги води седниците на албански, имињата на граничните премини ќе бидат напишани на македонски и албански јазик, двојазични униформи… Еве што носи новиот закон за јазиците

Емисијата 360 степени на телевизија Алсат направи детална анализа какви измени ќе донесе новиот Закон за јазиците кој беше основа за владината коалиција. Законските измени ќе му дозволат на Талат Џафери собраниските седници да ги води на албански јазик, a унапредување на албанскиот јазик ќе има и на седниците на владата каде министрите досега немале право да говорат албански, но сега ќе ја добијат можноста да го користат албанскиот јазик во севкупното функционирање на владата, како усно така и писмено.

Албанскиот јазик станува службен и во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенции, дирекции и други правни лица. Како за пример се напоменати УЈП и Фондот за здравствено осигурување.

Интересно е тоа што на пример градовите Велес и Прилеп иако не се двојазични но граничат со двојазични општини и поради оваа причина сите подрачни канцеларии на централните институции во овие општини ќе станат двојазични.

Граничните премини и аеродромите исто така ќе подлежат под овој закон и ќе добијат двојазични табли. На пример аеродромот Александар Велики ќе добие свој превод Aleksandri I Madh, а полицијата, пожарникарските единици и здравствените работници ќе добијат двојазични униформи.

Спроведувањето на законот ќе го следи Инспекторат за употреба на јазиците кој ќе ги казнува институциите кои нема да се придржуваат до законот ќе бидат казнети од 4 до 5 илјади евра како и 30 проценти од сумата за надлежното службено лице.