Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надворешна политика, за култура и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај и за за вонсудско спогодување, двата во второ читање, како и предлог-законот за дополнување на Законот за индустриската сопственост, во второ читање и предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, во прво читање.

Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓанските и кривичните предмети е на дневен ред на седницата за Комисијата за надворешна политика.

Членовите на Комисијата за култура ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Предлог – законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, во второ читање и предлог-законот за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, исто така во второ читање.