Седници на две собраниски комисии за измени во Законот за работни односи

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на седниците и на двете комисии е Граѓанската иницијатива со предлог за донесување на Закон за изменување на законот за работните односи, на Двеста и седумнаесет граѓани, доставена преку овластениот предлагач Снежана Кузмановска.