Седници на Комитетот за односи со заедниците и на Комисијата за политички систем

Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат Комитетот за односи меѓу заедниците и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, кој ќе говори за реализацијата на Програмата за работа на Комитетот за 2021 година со посебен осврт на остварувањето на принципот на соодветната и правичната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и во другите институции на сите нивоа.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници, на кои на дневен ред се измените на Законот за лична карта во прво читање и измените на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, во второ читање.