Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог – законот за изменување на Законот за даночна постапка, Предлог-законот за дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, како и измените и дополнувањата на Законот за банките и на Законот за хартии од вредност, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој во второ читање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.