Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ.

– На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа:  Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска, известуваат писателите.

Тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.