Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата.

Канадската медиумска мрежа Си-би-ес јави дека станува збор за семејство на сириски бегалци и дека децата биле на возраст од три месеци до 17 години.

Еден маж и жена се повредени во пожарот и се префрлени во болница.Полицијата и пожарникарите ја немаат соопштено причината за пожарот.

Очевидците велат дека слушнале бучава од куќата каде што избувнал пожарот, а потоа виделе една жена и еден човек како трчаат во дворот.

Мајката беше во тревникот, се молеше и ги кршеше рацете и го молеше својот сопруг да побара помош, рече соседот Даниел Барт.