Седум ирански Курди убиени во ирански напад во Ирак

Загинале најмалку седум припадници на вооружената бунтовничка групација на иранските Курди, кои имаат бази во ирачки Курдистан, а уште други 28 се ранети во средата во ракетните удари на Иран врз неколку курдски групи, за кои одговорноста ја презема Техеран.

Иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) потврди дека повторно ги гаѓала базите на иранските Курди во Ирачки Курдистан со прецизни проектили и јуришни дронови, пренесе иранската новинска агенција Tasnim. Се додава дека нападот е преземен откако властите на автономната курдска покраина во Ирак „и покрај повеќекратните повици не преземаа соодветни мерки“ за

Во нападите со ракети и беспилотни летала „камиказе“ загинале седум припадници на Демократската партија на ирански Курдистан (PDKI), се наведува во соопштението на оваа вооружена групација која извести и за ранети меѓу нејзините борци.

„Според првичните информации, седум лица ги загубиле животите, а одреден број пешмерги (курдски борци) се ранети“, соопшти PDKI наведувајќи дека е гаѓан областа Којсињага, источно од Ербил, главниот град на автономниот регион Ирачки Курдистан.

Во ракетните напади оштетени се и урнати куќи во секторот Зргоиз, 15-ина километри од Сулејманија, каде што се седиштата на вооружените левичарски групации на иранските Курди, во прв ред Комале-курдистански работници.

Извор на AFP од Зргоиз рекол дека видел чад на место погодено од ракета, каде што биле испратени возила на итната медицинска помош. Луѓето бегале од местото на нападот, а на полесно повредените лекар на групацијата им пружил помош, јавил репортерот на AFP.

Министерството за здравство во Ербил извести за „четворица маченици и за 14 ранети“ во областа на Којсињага, како и за „тројца маченици и 14 ранети“ во Шерава. „Меѓу жртвите има и цивили“, рекол за AFP висок функционер на Ирачки Курдистан, каде свои бази има и Работничката партија на Курдистан (PKK) која од 1984 година води војна против Турција со досега повеќе од 40.000 жртви.

Агенцијата Reuters, повикувајќи се на своите извори од Ирак, пренесува дека бројот на смртно настраданите изнесува девет курдски борци, како и дека била нападната и локација близу градот Киркук.