Несреќните луѓе веруваат дека некој постојано им ја краде среќата, што создава чувство на љубомора. Среќните луѓе сметаат дека во себе носат единствен план за среќа што неможе да биде умножен или украден.
-
Настојувате да го контролирате сопствениот живот
Среќните луѓе секојдневно работат на тоа за да ги постигнат сопствените цели, но сфаќаат дека не може да се избегне она што животот го носи. Несреќните луѓе имаат тенденција да се откажат кога животот ќе им ги поремети плановите. Клучот за успех е во тоа да се фокусирате на целта, да оставите простор за нештата што неможат да се контролираат и да не дозволите да ви ги уништат плановите.
-
Ја разгледувате својата иднина со страв и грижа
Навистина има премногу простор помеѓу вашите уши. Несреќните луѓе ги исполнуваат сопствените мисли со она што би можело да тргне на лошо, наместо да се фокусираат на доброто. Среќните луѓе имаат здрава доза на илузии, си допуштаат себе си да мечатаат за она што би можеле да го имаат во животот. Несреќните луѓе ја исполнуваат главата со грижа и стравови.
-
Вашите разговори се исполнети со трачеви и приговори
Несреќните луѓе го сакаат животот во минатото. Нивните разговори се сведуваат на животните страдања и на она што им се случило. Кога немаат за што да говорат, тогаш се свртуваат на животот и оговарањето на другите луѓе. Среќните луѓе живеат сега и сонуваат за иднината. Можете да ја почувствувате нивната позитивна вибрација насекаде околу нив. Тие се возбудени поради тоа што го работат и благодарни се на тоа што го имаат.