Седум кривични за насилство врз детето од Кочани

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани денеска поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), Н.С.(55), М.В.(31), С.С.(27), С.Д.(46), Р.Р.(31) и М.П.(34) сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“ предвидено по член 201-а од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 11.04.2021 околу 19.50 часот, во дворот од куќата на Н.С. во Кочани, каде пријавените физички нападнале дете.

За случајот бил известен Центарот за социјална работа Кочани, по што детето било предадено во Центарот за социјални работи Скопје.